ОРЕ Груп е општествено одговорна компанија која започна со работа во 2005 година, со цел да обезбеди висококвалитетни производи и услуги за клиентите ширум Македонија и надвор од неа. Како компанија која се фокусира на раст, доверба и долгогодишни партнерства, ние создаваме вредност не само преку нашите услуги, туку и преку нашиот пристап на секој чекор – од првиот контакт до последната испорака.

Мисија

Наша мисија е да обезбедиме сигурни и иновативни решенија, без компромиси на квалитетот и безбедноста. Ние сме тука да го поддржиме вашиот бизнис со фер цени, брзи исплати и професионално однесување, што ги прави сите наши клиенти задоволни и посветени на долгорочна соработка. Се стремиме да бидеме еден од водечките играчи во индустриите во кои работиме, понудувајќи висококвалитетни производи и услуги кои ја задоволуваат потребата на нашите партнери, било да се работи за земјоделци, клиенти или потрошувачи на гориво.

Визија

Наша визија е да станеме првиот избор за секој клиент кој бара сигурни, иновативни и квалитетни решенија, како на локалниот така и на меѓународниот пазар. Се стремиме да бидеме лидер на пазарите на откуп на овошје и зеленчук, транспортни услуги и гориво, со постојано усовршување на нашите процеси, градење долгорочни партнерства и имплементација на одржливи и ефикасни решенија за нашите клиенти и заедницата.

Нашата цел

Нашата цел е да изградиме доверливи и долгорочни односи со нашите клиенти и партнери преку понудата на највисок квалитет на производи и услуги. Со нашата професионалност и посветеност, сакаме да создадеме вредност за сите наши клиенти, да ги поддржиме локалните производители и да обезбедиме стабилни, ефикасни и транспарентни процеси, без разлика дали се работи за транспорт, откуп на свежи производи или гориво.
Ние сме компанија која се грижи за потребите на клиентите, ги разбираме нивните барања и создаваме решенија кои обезбедуваат оптимални резултати за нивниот бизнис. Со искуството и тимот кој стои зад нас, ОРЕ Груп е доверлив партнер за успешна соработка во сите наши дејности.

Наши вредности

Соработувајте со нас и дозволете ни да бидеме вашиот партнер за успех!